ФОТО: Сотир Лукровски му посака брзо опоравување на Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски изминатиов период јавно искажуваше недоверба за отсуството од работа на актуелниот прв човек на општината Сотир Лукровски, а поради боледување.

Додека Лукровски поради здравствени причини привремено беше отсутен од работното место, Јакимовски преку објави на социјалните мрежи и изјави го обвинуваше Лукровски дека се повлекол од градоначалничката позиција.

Во текот на вчерашниот ден, беше објавено дека Јакимовски имал итна операција, а спротивно од неговиот наратив, градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски му посака добро здравје и брзо опоравување.


Инаку, Лукровски на почеток на месецов се врати на своите работни обврски.