(ФОТО) ИЈЗ со едукативни предавања: Заедно градиме поздрави и посигурни генерации

Според Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година, Институтот за јавно здравје отпочна кампања со наслов „Пубертетот и менструалниот циклус кај девојчињата“.

-Вчера со едукативни предавања беа опфатени ученичките од 5-то одделение во ООУ „Стив Наумов“ – Гази Баба, Скопје. Едукацијата ја спроведоа експерти од Институтот за јавно здравје, потенцираат во објавата.

Предавањата беа посветени на темата пубертет и промените што ги опфаќа овој период, со посебен осврт на менструалниот циклус, при што девојчињата имаа можност да се информираат за физичките и емоционалните промени на начин прилагоден на нивната возраст.


Преку отворен разговор, едукативен пристап и интерактивни игри се поттикна развојот на здравствената писменост, самодовербата и грижата за сопственото здравје, соопшти ИЈЗ.

Значаен придонес во унапредувањето на јавното здравје даде и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, додаваат од ИЈЗ.

Голема благодарност и до училиштето за топлиот прием и соработката – заедно градиме поздрави и посигурни генерации, упати ИЈЗ за успешната соработка.