Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, позираше во бикини, а комплиментите за нејзиниот изглед се шират на социјалните мрежи.
Во ова издание, таа позираше за новата кампања на брендот Calzedonia. Изгледот го комплетираше со шминка во природни нијанси.
View this post on Instagram
Фотографиите досега собраа повеќе од милион лајкови на Инстаграм. Иако едноделните костими за капење се популарни во последните години, оваа нова кампања најавува дека ова лето ќе биде обележано со бикини.
Таа сподели и дел од атмосферата од снимањето на кампањата во Грција.
View this post on Instagram
Кога станува збор за нејзиниот моден вкус, Родригез изјави дека сака да го комбинира максимализмот со практичноста. Таа нагласува дека нејзиниот изглед се темели на самодоверба, дисциплина и препознатлив накит.







