Енрике Иглесијас снимен како прегрнува обожавателка, паднаа и бакнежи

Музичарот Енрике Иглесијас (51) објави видео на социјалните мрежи кое нема да ја израдува неговата сопруга Ана Курникова (44)…

Имено, иако видеото наводно е снимено уште во 2022 година, популарниот музичар го објави повторно од непозната причина.

На видеото се гледа како популарниот музичар прегрнува обожавателка, ја бакнува во образ, а потоа и во уста. Сè се случило додека обожавателот се обидувал да направи селфи, а интимната средба со непознатата дама предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Обожавателите го критикуваа музичарот за несоодветно однесување, го повикаа да го отстрани видеото, но го поставија и клучното прашање – што ќе каже Ана Курникова?