Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови доживеаја непријатно изненадување.
Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите долги пипала и клетки кои предизвикуваат жежење на кожата и можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата.
Според експертите, главна причина за големиот број медузи е невообичаено високата температура на морето.
Како што се наведува, се очекува нивниот број да се намали во следните две недели.






