Џеј Ди Венс во Белата куќа: Војната против Иран нема да биде „вечна“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс порача дека војната на претседателот Доналд Трамп против Иран нема да стане „вечна војна“, користејќи го брифингот во Белата куќа за да ги одбрани владините политики во време на интензивни шпекулации за потенцијалниот наследник на Трамп.

Венс, кој ја менуваше портпаролката Каролајн Левит поради породилно отсуство, одговараше на прашања на новинарите во умерен тон. На прашањето дали се смета за иден претседателски кандидат, тој кратко одговори дека во моментов е потпретседател кој си ја сака својата работа. Брифингот во Белата куќа, според аналитичарите, стана неофицијална сцена за аудиција за изборите во 2028 година, особено по неодамнешното појавување на државниот секретар Марко Рубио.


Конфликтот во Иран, кој започна на 28 февруари, предизвика блокада на Ормуската Теснина, затворајќи голем дел од светската трговија со нафта и зголемувајќи ги цените на горивата во САД за 50 проценти, што предизвика загриженост кај републиканците пред меѓуизборите во ноември.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, поддршката за Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, при што 34 отсто од Американците имаат позитивно мислење за Венс, а 33 отсто за Рубио. Иако двајцата официјално не зборуваат за амбиции за 2028 година, Трамп продолжува да ја поттикнува расправата, истакнувајќи на една вечера дека и Венс и Рубио би биле „совршени“ кандидати, без притоа да даде официјална поддршка за ниту еден од нив. (МИА)