Дубаи ја напушта АБА лигата

Неизвесноста околу враќањето на кошаркарскиот клуб Дубаи во Обединетите Арапски Емирати продолжува, а клубот сега најавува напуштање ан АБА лигата.

Поради војната на Блискиот Исток екипата натпреварите како домаќин ги играше во Сараево, а по испаѓањето од Евролигата донесе одлука да се врати во ОАЕ.

„Во договор со лигата ги известивме екипите на Клуж и Будуќност, за да ги надминеме евентуалните проблеми од административен карактер, но до вторникот напладне не добивме одговори и соопштивме дека се враќаме дома.


Будуќност потоа даде соопштение дека не сака натпреварите да ги игра во Дубаи, односно дека некои играчи не сакаат да дојдат во Дубаи“, пишува Спортал“.

Екипата на Дубаи се врати во ОАЕ, а во меѓувреме беше донесена одлука Дубаи да продолжи да игра на неутрален терен. Во клубот очекуваат промена на одлуката, а ако тоа не се случи можно е да поднесат тужба против лигата, што би значело и прекин на соработката.