Бекам прв британски спортски милијардер

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер, објави денеска „Сандеј Тајмс“ во најновата листа најбогати луѓе во Велика Британија за 2026 година.

Заедничкото богатство на Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти.
Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација денес е косопственик на Интер Мајами, кој се смета за највредна франшиза во американската МЛС лига со проценета вредност од 1,45 милијарди долари.

Бекам, кој беше прогласен за витез минатата година, исто така, има големи примања и како амбасадор за брендови како „Адидас“ и „Хуго Бос“.

Голем дел од богатството на Викторија Бекам доаѓа од модната компанија што ја изгради по нејзината светска слава со групата „Спајс Грлс“.