👁️  572

Доналд Трамп поднесе тужба против својот поранешен адвокат Мајкл Коен, барајќи отштета од над 500 милиони долари.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба против својот поранешен адвокат Мајкл Коен, барајќи отштета од над 500 милиони долари поради наводно прекршување на договорот.

Тужбата е поднесена пред федералниот суд во Флорида. Во неа Трамп го обвинува Коен дека шири лажни информации за поранешниот претседател на САД. Коен е обвинет и за прекршување на договорните обврски кон Трамп во јавни изјави, објавени книги, серии на поткасти и други медиумски настапи, пишува “CNN”.

Доналд Трамп ја поднесе тужбата откако Коен сведочеше пред Големата порота на Менхетн. Патем, Големата порота го обвини Трамп по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи. „Reuters” известува дека Коен бил подготвен да се појави како клучен сведок во секое можно судење во случајот со тајни плаќања на Сторми Даниелс. Потсетуваме, Даниелс тврди дека имала вонбрачна врска со Трамп.

На 4 април, Доналд Трамп пред судот се изјасни за невин.