На 29.06.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 05:30 часот на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица која го поврзува со Меѓународен аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ.(33) од Србија, удрило во метална ограда и се превртело.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно дете, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.







