Секторот за внатрешни работи Скопје, поточно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 10.09. и 11.09.2023 година (недела и понеделник) по повод одржување на лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, информира МВР.

Имено, во текот на овие два дена во официјална посета на Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај.