👁️  1342

Во рамките на проектот ,,И ти си важен”, реализиран од страна на Здружението на лекари специјализанти ЗЛС а финансиран и подржан од Цивика мобилитас до сега се реализирани преку 1500 бесплатни превентиви прегледи. Истите се обавени на територијата на град Скопје со акцент на населбата Шуто оризари, Битола, Прилеп, Струга и струшко, Делчево и Куманово.

Преку оваа акција се опфатени различни категории социјално загрозени граѓани како лица припадници на ромската заедница, лица без трајно живеалиште, сексуални работници, корисници на интравенски дроги како и стари лица во рурални средини.

Прегледите опфаќаат анамнеза, физикален преглед, ЕКГ, мерење на шеќер во крв, аускултација на срце и бели дробови, мерење на крвен притисок како и мерење на периферна сатурација со кислород, од страна на лиценциран лекар.

Со превентивните прегледи навремено се откриваат здравствените состојби кај пациентите, и тие се упатуваат во соодветните институции на здравствениот систем. Со нив, ќе се подигне и општата здравствена писменост на индивидуите од социјално ранливите категории, за што ќе помогнат и брошурите кои ќе бидат поделени и директна комуникација на здравственитe работници со граѓаните.

Дополнително граѓаните кои немаат социјално осигурување а имаат потреба од медицински/ортопедски помагала (декубитални душеци, штаки, колички, одалки, ортопедски влошки…) можат да се консултираат со нашите лекари на некој од пунктовите каде се обавуваат прегледите за истите да бидат бесплатно набавени во рамките на проектот И ти си важен!

По повод денот на здравјето 7ми април ЗЛС органзиираше бесплатни превентивни прегледи ширум територијта на нашата држава во рамки на аптеките на Еурофарм каде граѓаните покрај прегледот можеа да се информираат за својата состојба, третманот и животните навики кои треба да ги применат во склоп на нивното заболување.

Уште поважно е што со оваа акција се влијае на вклучувањето на овие категории луѓе во мрежата на примарната здравствена заштита. На социјално загрозените лица, особено оние кои живеат во руралните средини не им се секогаш достапни овие услуги, па често ги одложуваат прегледите, што доведува до влошување на нивната здравствена состојба. Како последица на тоа, овие пациенти се среќаваат во терциерното здравство, најчесто во тешка фаза на нивното заболување, кога опциите за третман се ограничени и исходот е неповолен.

Датумите и локациите за идните прегледи од месец мај 2023 година ќе бидат објавувани преку јавни гласила како и преку официјалната facebook страна на здружението: https://www.facebook.com/ZLSpecijalizanti.  

Сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да добијат бесплатен преглед, ќе можат да се информираат околу прегледите, датумите и локациите, но и да го закажат својот преглед на следната e-mail адреса и телефониките броеви:

e-mail: zakazetepregled@gmail.com

Tелефон: 072688200, 072688201  (Од понеделник до петок, од 09-14h)

* Содржината на овој напис е единствена одговорност на Здружението на лекари специјализанти и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.