Чупиќ: Не можеше подобро – да ја освоиме титулата во дуел со најголемиот ривал

РК Вардар е нов ракометен шампион на македонија а предводникот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ, по освојувањето на титулата во Суперлигата истакна дека успехот има уште поголема тежина бидејќи е остварен против најголемиот ривал и во одлична атмосфера пред домашната публика во „Јане Сандански“.
„Секогаш може подобро, но во ваква атмосфера во дуел со најголемиот ривал да ја освоиме титулата дека не можеше подобро да биде. Мислам дека заслужено ја вративме титулата во Скопје.
Им благодарам на навивачите, на претседателот и директорите на клубот што ми дадоа шанса да работам во овој клуб. Им благодарам на моите ракометари, но и на Талески, Борозан и Ќосески кои не се со нас, но ни помогнаа многу“, кажа Чупиќ.