Српскиот пејач Дарко Лазиќ пред два месеци го загуби родениот брат во сообраќајна несреќа.
Во гостувањето во „Ами Џ шоу“, Дарко откри досега непознати детали за денот на трагедијата, но и за претходниот ден. Браќата биле заедно во моментот кога се случила сообраќајната несреќа, возејќи мотори на пат кон дома, оддалечени еден од друг само 4 секунди.
-Цел ден се возевме, бевме друштво. Бевме на ручек, никој не пиеше. Беше убав ден. Застанавме на пауза за накај дома. Пред тргнување ја ставав кацигата, а тој дотрча до мене и ми кажа „Само да ти кажам дека те сакам, ти благодарам“. Седнавме на моторите и по 15 минути се случи тоа што се случи. Петнаесетина моторџии бевме. Јас и уште неколку бевме четири секунди понапред од Драган, вели Дарко.
Кога виделе дека колоната со мотори не е зад нив, се вратиле назад. Се се случило во само неколку минути.
Дарко откри дека екипата и претходниот ден се возела со мотори, а токму тогаш неговиот брат му рекол „ти благодарам што се дружиш со мене повторно и што убаво уживаме заедно“. Додава и дека тие последни два дена неговиот брат постојано го гушкал, на што Дарко го прашал што му е. Неговиот брат му одговорил дека му било убаво што поминуваат време заедно.
-Како да имаше претчувство дека нешто ќе се случи. Буквално, вели пејачот.
Дарко открива и дека по моментот на несреќата, прв на местото застанал другар на неговиот брат кој го држел.
-„Не можам да дишам“. Ова биле последните зборови кои Драган му ги кажал на другарот пред да почине, открива Лазиќ.








