👁️  432

Ова што се случува во моментов не е само спор меѓу Албанците и Србите. Тоа е провокација подготвена од Англичаните со цел да се собори сегашната власт во Србија“, предупреди пратеникот во руската Дума, Андреј Луговој.

Ова што сега се случува во Украина не е доволно за Западот, па ќе продолжи да работи на ширење на русофобија, предупреди рускиот пратеник, додавајќи дека во овој контекст е неопходно да се обрне внимание на актуелните случувања на Балканот.

„Работата“ на Британците на Балканот трае веќе неколку децении, од 1996 година се развиваат програми насочени кон дестабилизација, а во 2017 година Велика Британија ја усвои Националната стратегија за односи со Западен Балкан, за што 120 мил. евра се издвојуваат годишно.Главните насоки на работа се формирање на лојален однос кон англосаксонците, борба против „руската дезинформација“, работа на родова толеранција, слободни медиуми и соработка со елитата со цел да се идентификуваат лојалните граѓани, “, напиша Луговој на Телеграм.