Арне Слот ќе го врати Цимикас во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди големи промени во тимот пред новата сезона, вклучувајќи и неколку значајни заминувања.

Левиот бек Костас Цимикас се враќа на „Енфилд“ по позајмицата во Рома, додека клубот истовремено ќе остане без Енди Робертсон и Мохамед Салах.

Слот најави дека Ливерпул ќе мора да реагира на трансфер пазарот и да најде соодветни замени за двајцата клучни фудбалери, особено во офанзивниот дел од тимот.