Апелациски суд ја зголеми казната на поранешната прва дама на Јужна Кореја од 20 месеци на четири години затвор

Апелацискиот суд во Сеул денеска ја зголеми казната на поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон-хе, од 20 месеци на четири години затвор по обвинението за корупција.

Високиот суд во Сеул ја изрече пресудата откако ја прогласи за виновна за учество во шема за манипулација со цените на акциите и примање раскошни подароци од Црквата на обединување, објави Јонхап.


Тимот на специјалниот обвинител Мин Јунг-ки побара 15-годишна затворска казна за сопругата на поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол.

Јужна Кореја има долга историја на гонење на високи владини функционери и членови на нивните семејства за корупција, што се смета за дел од напорите за одржување на јавната доверба во институциите. (МИА)