АНАЛИЗА: Зошто Радев цела година ги убедувал европските лидери за вметнување на Бугарите во македонскио устав?

При првата посета на Франција, новиот бугарски премиер и екс претседател Румен Радев откри детал кој дава сосема нова слика на фамозната преговарачка рамка за Македонија, базирана на тнр. француски предлог.

Радев од Париз порача дека му била потребна една година за да ги убеди европските лидери зошто обврската вметнување на Бугарите во македонскиот устав треба да се вгради во преговарачката рамка. За таа одлука бугарскиот премиер вели посебно признание му одал на францускиот претседател Емануел Макрон, кој прв ја согледал оправданоста на оваа идеја.

Два моменти се во најмала рака чудни во ова тврдење на Радев.

Прво е периодот од една година кој му бил потребен да ги убедува европските лидери и Макрон за уставните измени. Самото убедување значи дека тие не биле уверени во исправноста на таквата одлука и се сомневале во бугарските мотиви да се прават уставни измени на почеток на преговарачкиот процес, наместо на крајот, како што е процедурата за сите земји-кандидати за членство. Значи сомнежот во бугарска асимилаторска политика бил присутен, како и немањето гаранции дека Софија нема да запре таму, туку со закани за вето ќе бара нови отстапки од Македонија. А убедувањето веројатно успеало бидејќи најдоа „меки“‘ политичари во ликот на Заев, Османи, Пендаровски, Ковачевски и Филипче кои без проблем ќе го ,,голтнат‘‘ секој предлог, па нека е неевропски, недемократски, ниту согласно копенхагеншките критериуми, туку целосно антимакедонски. Предлог кој директно го поткопува македонскиот идентитет, историја, јазик, култура.

Второ, зошто Радев и сега бара поддршка од Франција за неменување на преговарачката рамка и разбирање за бугарските позиции, ако тврди дека проблемот на Македонија е европски, а не билатерален. Зошто истото барање го повторува и во Брисел, ако е сигурен дека кога едно билатерално прашање ќе биде вметнато во европски документ, неговото менување станува многу тешко. Веројатно Радев знае дека Париз веќе еднаш ја увиде „фабричката грешка“ во својот предлог и зад кулисите се обиде да ја исправи. Засега неуспешно, но бугарскиот претседател очигледно не е убеден во тоа, во менти кога се бара менување на моделот на проширувањето

Дополнително Радев е свесен за македонската дипломатска офанзива за докажување во небулозните барања од преговарачката рамка. Нив ги увиде и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта кој јавно среде Софија изрази разбирање за македонското барање гаранции. Прашањето е отворено и во Европскиот парламент, каде известувачот за Македонија, Томас Вајц, бара објаснување од Советот дали вториот протокол наведен во преговарачката рамка може да биде причина за ново блокирање на Македонија.

Слични пораки упатија и хрватскиот и белгискиот премиер, но и многу други европски авторитети кои ја разбираат македонската загриженост од прифаќање на последното барање без преседан кое стои помеѓу македонскиот идентитет и бугарските аспирации.


Сите ја разбраа пораката од премиерот Мицкоски дека Македонија останува на европскиот пат, но нема да ја плаќа цената на членството со нови идентитетски отстапки, само не СДСМ и нејзиниот лидер.

Филипче мора да разбере дека само со единствен став и настап пред европските авторитети може да се добие тоа што се бара, во моменти кога и самиот Радев бара поддршка од целата ЕУ. Мора да разбере дека така ги остваруваат своите национални интереси и Бугарија и Грција – со единствен став. Став кој се брани колку и да се големи разликите меѓу партиите. Филипче мора да разбере дека со муабетот како пред „кооперација“ од типот: Ајде кажете ми како се загрозува македонскиот идентитет со вметнување на Бугарите во уставот?, не се согласуваат најголем дел од македонските граѓани и избирачи.

Филипче треба да биде свесен дека и неговото барање за референдум нема да помине кај граѓаните, а штетата може да биде огромна. Дури и да се организира по теркот на Заев, Ахмети и Пендаровски, референдумот за промена на уставното име, па и поразот и неуспехот да се смета за успех.

Патем зошто СДСМ и ДУИ не распишаа референдум за францускиот предлог, за кој одговорот го добија на изборите во 2024, а ќе го добијат и на изборит 2028, најдоцна.

ПС

Едно е сигурно, во моменти на геостратешки поместувања и најавата за нови проширувања, ЕУ ќе најде решение, па нека е проблем и Радев. Како многу пати во историјата, за разлика од Бугарија, Македонија ќе ја одбере победничката страна. Македонија нема да се откаже од ЕУ, но и нема да се откаже од својот идентитет. А за тоа е потребно единство.

Ало Филипче, се слушаме?