👁️  26

Лудото трошење на милионски суми од клубовите од Саудиска Арабија на засилувања од европскиот фудбал дефинитивно зема се поголем замав од ден на ден.

Ал Наср е клубот кој што ја почна лавината со јануарскиот трансфер на Кристијано Роналдо, овој клуб во меѓувреме ги доведе и Брозовиќ, Садио Мане и Телес, а сега е на прагот да договори уште еден извонреден трансфер, ангажирајќи го во својот табор Ејмерик Лапорт. Шпанскиот дефанзивец доаѓа од редовите на Манчестер Сити, клуб со кој стигна до европската круна минатата сезона, но го загуби првотимскиот статус кај Пеп Гвардиола.

Со трансферот на Јошко Гвардиол во Сити стана јасно дека за Лапорт ќе нема место во англискиот гигант, па откако пропадна опцијата за преселба во Барселона тој на крајот ја прифати понудата на Ал Наср. Финансиските детали засега не се обелоденуваат, но англиските медиуми тврдат дека и Манчестер Сити постигнал договор околу отштетата со клубот од Саудиска Арабија.

Сите детали се договорени, па се очекува шпанскиот дефанзивец во наредните денови да ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе се пресели во Ал Наср.