Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА

Американските адвокати на основачот на “Wikileaks”, Џулијан Асанж, објавиле дека поднеле тужба против ЦИА и нејзиниот директор Мајк Помпео, обвинувајќи ги дека ги снимале нивните разговори и ја копирале содржината од нивните телефони и компјутери.

На Асанж му се заканува екстрадиција

Тврдат дека ЦИА соработувала со безбедносната агенција “Undercover Global”, која ја ангажирала еквадорската амбасада во Лондон, каде Асанж се засолнил, за да го шпионираат него, неговите адвокати, новинарите и другите луѓе со кои се среќава.