ПОРАДИ НИСКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА И СТРОГИТЕ РЕГУЛАТИВИ: Француските земјоделци „го окупираа“ Париз (ВИДЕО)

Земјоделците денеска блокираа еден од главните автопати кои го поврзуваат Париз со градот Лил во северниот дел на Бенелукс и Велика Британија, предизвикувајќи километарски сообраќаен метеж.

Синдикатите на земјоделците денеска повикаа на блокади на патиштата во и околу Париз за да се засили притисокот врз владата која фармерите ја обвинуваат дека не прави доволно за да се справи со, како што велат, ниските цени на храната и строгите регулативи.

Поради блокада на патот А1 северно од Париз утрово веќе се формирала редица долга четири километри, соопшти Министерството за транспорт.