ЗА ГРАЃАНИТЕ ШТО СЕ „БОГАТАТ“ ОД СКЕНИРАЊЕ СМЕТКИ: УЈП до почетокот на февруари ќе почне исплата на Мој ДДВ

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието, па така рокот за исплата е кон крајот на овој месец или почетокот на февруари кога се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални, за месеците октомври, ноември и декември минатата година.

Од јануари ланската година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.