Бројот на жртви во Газа достигна 73.221 лице, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
Според моменталната евиденција, во тековната војна во Газа од октомври 2023 година загинале најмалку 73.221 лице, а ранети се 173.643. Како што е наведено, во последните 48 часа во болниците во Газа биле донесени седум тела, додека 28 луѓе биле ранети во истиот период.
„Сè уште има голем број жртви под урнатините и на патиштата, бидејќи амбулантните возила и тимовите на цивилната заштита во моментов не можат да стигнат до нив“, соопшти министерството.
Како што пренесе Ал Џезира, од октомврискиот прекин на огнот, најмалку 1.098 Палестинци се убиени, а 3.535 се ранети во израелски напади.







