Доколку сте помислиле дека само турските серии можат да понудат маркантни мажи со беспрекорен изглед кои мамат воздишки ширум Балканот, веројатно сѐ уште не сте го виделе нашиот Никола Милосковски. Младиот македонски пејач дефинитивно може да му застане на црта на популарниот Бали Бег, а неговиот шарм и харизма веќе на големо кршат женски срца.
Со вајано тело, продорен поглед и насмевка која не остава рамнодушен, Никола е вистинско освежување на домашната јавна сцена. Неговиот Инстаграм профил е вистинска мамка за припадничките на понежниот пол, кои секојдневно оставаат лавина од комплименти под неговите фотографии.
Без разлика дали позира во лежерно издание или во елегантен стил кој ја истакнува неговата атлетска фигура, Милосковски изгледа како штотуку да излегол од насловна страница на светски моден магазин. Неговите Инстаграм објави докажуваат зошто тој моментално важи за еден од најзгодните мажи кај нас.
Но, Никола не е само убаво лице. Дека зад овој атрактивен изглед се крие и огромен талент, докажува и неговиот најнов проект. Згодниот пејач неодамна ја објави својата прва песна, со која и официјално заплови во соло музичките води, покажувајќи дека ги поседува сите предиспозиции да стане голема ѕвезда.
Спојот на одличен вокал, музикален талент и става на вистински заводник е рецепт за сигурен успех. Додека неговата првенче-песна веќе ги освојува симпатиите на публиката, ние со нетрпение очекуваме да видиме и слушнеме што следно ќе ни подготви овој македонски Бали Бег. Едно е сигурно – Никола Милосковски е име за кое допрва многу ќе се зборува!
https://www.youtube.com/watch?v=pRToufm0a-Q








