Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства.
На тој начин на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.







