Шкендија со убедлив и висок триумф против Европа во КЛ

Шкендија имаше импресивен старт на новата европска сезона, совладувајќи ја Европа од Гибралтар со убедливи 0-5 на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во КЛ.

Првиот погодок беше дело на Фад Нзенге во 28. минута, кој ја круниса одличната колективна акција на гостите и го отвори патот кон убедливиот триумф.

Во второто полувреме следуваше вистинска голеада. Фабрис Тамба двапати ја затресе мрежата, погодувајќи во 52. и 75. минута, со што практично ги реши сите дилеми околу победникот.

До крајот на средбата, Шкендија постигна уште два гола.


Новото засилување Алмир Криезиу се запиша меѓу стрелците во 83. минута, а конечните 5:0 ги постави капитенот Бесарт Ибраими само пет минути подоцна.

Со оваа висока победа, Шкендија речиси сигурно обезбеди место во следното квалификациско коло.

Реваншот во Скопје за седум дена треба да биде само потврда на пласманот, но и нова можност тетовци да освојат дополнителни бодови за својот клупски коефициент и за рејтингот на македонскиот фудбал на европската сцена