Македонскиот куп освојувач, тимот на Силекс има голема шанса да мине во втората рунда на КЛ.
Ова откако во првиот меч од квалификациите против белорускиот Динамо Минск, кратовската екипа славеше со 0-1.
Натпреварот се играше на неутрален терен во бугарскиот град Стара Загора и тоа пред празни трибини.
Избраниците на Александар Васоски тоа успеаја да го искористат и пред своите навивачи, но во Скопје, ќе почнат со гол предност.
Во 32.минута по брзата контра на Богданоски, ударот на Донов од 12-тина метри голманот на Динамо, Шимаковиќ успеа да го одбрани и да исфрли во корнер.
Тоа како дополнително да го мотивира тимот на Васовски, кој порешително тргна кон противничкиот гол.
По акцијата на Пановски, кој проби од десната страна Eсмир Хасукиќ задоцни за малку.
Сепак во продолжението на акцијата беше направен пенал, кој во водство на силекс го круниса токму бостанскиот интернационалец Хасукиќ.
Се обидуваа фудбалерите на Силекс преку кантри да дојдат и до втор гол, но тоа не им успеа. Сепак голот предност, може да биде голема, но и мала предност во овие натпреварувања.
Реванш натпреварот ќе се одигра за седум дена (четврток, 16 јули) на теренот кај ФФМ,







