Тадеј Погачар ја презеде жолтата маичка на Тур Де Франс

Актуелниот шампион на Тур де Франс, Тадеј Погачар, победи во третата етапа на таа престижната велосипедска грантур-трка и ги презеде водството во генералниот пласман и жолтата маичка, откако бонус-поените за победникот на етапата го израмнија со Данецот Јонас Вингегор, кој ја носеше жолтата маичка од првата етапа, пишува „Би-би-си“.

Погачар ја презеде контролата на околу половина километар пред целта, изненадувајќи ги Вингегор и францускиот миленик Пол Сеишас со жесток напад. Ричард Карапаз од Еквадор е трет веднаш пред Сеишас, двајцата две секунди зад Винегор.

Во генералниот пласман, Погачар и Вингегор имаат исто време, осум часа, 46 минути и 55 секунди.

Погачар (27) се обидува да ја освои својата петта титула на Тур де Франс и да стане најуспешниот возач во историјата на оваа трка, заедно со Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин.