Мицкоски утре во посета на општина Битола

Утре 09.07.2026 година (четврток) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Општина Битола.

Потоа, во 13:00 часот ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на нова училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади, Општина Битола.


Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, соопштуват од Владата на РМ.