Лука Стојановски по три сезони се врати во МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион.

Ова за него претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19.


Со доаѓањето на Лука Стојановски, МЗТ ја започна конструкцијата на тимот за новата сезона во која го очекуваат големи предизвици на три фронта – ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига.