УЖАС: 12-годишно дете повредено со нож, насилникот бил малолетен и не бил сам!

На  03.07.2026 во 14:53 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје e пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје.

Според пријавеното, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари.


Во врска со истиот случај, на 03.07.2026 во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.