Натпреварот Португалија-Хрватска се одложува? Ова е причината

Фудбалерите од Португалија и Хрватска се среќаваат во Торонто во осминафиналето на Светското првенство.
Проблемот пред овој натпревар се исклучително тешките услови во Торонто.

Натпреварот се игра ноќта помеѓу четврток и петок од 1:00 часот наутро во Торонто, што е 19:00 часот по локално време.

Според прогнозите на канадските метеоролошки служби, температурата за време на натпреварот ќе биде околу 32 степени Целзиусови, додека субјективното чувство на топлина ќе достигне и до 42 степени.

Дополнителен проблем е можноста за грмотевици, поради што се издадени жолти временски предупредувања за периодот од 13:00 до 22:00 часот по локално време, што се совпаѓа со времето на натпреварот.


Според правилата на ФИФА, натпреварот може привремено да се прекине ако грмотевици се приближат на помалку од 13 километри од стадионот, за да можат играчите, тренерскиот персонал и навивачите да најдат засолниште.

Поради високите температури, Светската фудбалска федерација веќе воведе посебни мерки за заштита на сите стадиони на отворено.

На тимовите им се обезбедени климатизирани клупи, вода и пијалоци со електролити, мраз, ладни крпи, прскалки и дополнителни површини со сенка, а распоредот на турнирот е направен по анализа на ризикот од екстремна топлина за секоја локација.

Временските проблеми веќе влијаеја на подготовките на португалската репрезентација, бидејќи тренингот на тимот на тренерот Роберто Мартинез во среда беше под знак прашалник поради силни налети на ветер. Сепак, временската состојба се стабилизираше, па тренингот се одржа без поголеми проблеми.