Екстремните жештини во Италија однесоа пет животи

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пет лица починале во Италија во изминатите 24 часа како резултат на екстремни жештини, додека регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге ги повика властите низ целиот континент да ги зајакнат превентивните мерки поради топлотниот бран.

Клуге, како што јавува италијанската новинска агенција АНСА, предупреди дека актуелниот топлотен бран во Европа е еден вид „генерална проба“ за идните екстремни временски услови.

„Низ Европа, одделенијата за итни случаи во моментов се преполни со пациенти, додека службите за Итна медицинска помош бележат рекорден број интервенции. Италија регистрираше пет смртни случаи поврзани со жештините во последните 24 часа“, рече Клуге.