Казината повеќе нема да бидат покрај нашите деца. Ова беше едно од клучните ветувања на ВЛЕН пред граѓаните, а денес тоа ветување се исполнува, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на Мухамед Муртези од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.
Со усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, државата конечно застанува на страната на семејството, децата и младите. Со години коцкарската индустрија се ширеше без контрола, се рашири низ нашите населби, се доближи до училиштата и стана дел од секојдневието на граѓаните.
Цената за тоа не ја плаќаа оние што ја дозволија ваквата состојба. Ја плаќаа нашите семејства. Ја плаќаа младите кои беа изложени на оваа опасна појава. Ја плаќаа сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми и сите други, кои одблизу ги почувствуваа последиците од зависноста од коцкањето.
Едно од нашите најважни ветувања беше значително намалување на бројот на казина и објекти за игри на среќа. Со новиот закон се воведува минимална оддалеченост од 500 метри од основните и средните училишта.
Според нашите проценки, со усвојувањето на овој закон, бројот на објектите за игри на среќа низ целата држава ќе се намали за околу 75 проценти. Во Општина Чаир, поради инфраструктурата на образовните установи и урбаната поставеност, намалувањето може да достигне и до 90 проценти.
Законот воведува и построги услови за лиценцирање. Се забранува рекламирање што го претставува коцкањето како успех или начин на живот. Се забранува користење јавни личности во реклами за игри на среќа, како и содржини насочени кон малолетници. Истовремено, значително се зајакнува надзорот врз целиот сектор.
Компаниите што организираат игри на среќа ќе имаат и повисоки финансиски обврски. Целта е профитот што со години се создаваше на грбот на граѓаните повеќе да не се остварува по истиот модел.
Значаен чекор е и затворањето на 358 нелегални онлајн платформи.
Но, тука не запираме. ВЛЕН ја отвора и битката против компаниите за брзи кредити, кои во многу случаи го продлабочуваат кругот на задолжување и финансиска несигурност. Едните создаваат зависност, другите долгови. На крајот, цената повторно ја плаќаат граѓаните и нивните семејства.
Наместо казина покрај училиштата, избираме училишта и образование.
Наместо хаос во коцкањето, воведуваме ред и одговорност.
ВЛЕН ги избира децата, семејството и иднината.
Ветивме. Исполнуваме.
ВРЕДИ/ВЛЕН








