ДУИ ТАГУВА ПО МИНАТОТО: Нема веќе „правична застапеност“ со спиење на работа или седење дома за државна плата

ВРЕДИ ја побара довербата од Албанците ветувајќи дека ќе го подигне правичното и соодветното застапување на повисоко ниво. Ветуваа дека Албанците ќе бидат застапени со најмалку 31,5% во државните институции. Денес, по две години на власт, резултатот е дијаметрално спротивен, изјави на прес-конференцијата на Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Ветуваа напредок, донесоа назадување. Ветуваа промени, донесоа разочарување. Ветуваа политичка револуција, донесоа политички регрес.

Да ги потсетиме фактите, еден по еден.

Уште во првата недела по формирањето на оваа влада без етнички легитимитет, беше зададен првиот удар врз застапеноста на Албанците. Преку измените во методологијата за евидентирање на вработените во јавниот сектор, Албанците статистички беа намалени од 29,5% на 24,3%.

Тоа беше првиот сигнал дека ветувањата на ВЛЕН немаат никаква врска со реалноста.

Потоа следуваше вториот удар.

Укинувањето на механизмот „Балансер“ не беше случајност. Тоа беше ветување на ВМРО-ДПМНЕ во нејзината предизборна програма, потоа беше вклучено и во Програмата на Владата, програма што ВЛЕН ја изгласа и ја поддржа без никаква резерва.

Потоа, Уставниот суд, како институција што дејствува во функција на политичката агенда на ова парламентарно мнозинство, го укина Балансерот.

Значи, не станува збор за случаен развој на настаните.

Станува збор за однапред најавен, усвоен и чекор по чекор реализиран политички план.

По укинувањето на Балансерот веднаш започна она што денес секојдневно го гледаме: институционално исклучување на Албанците од вработувањата во државната администрација.

Граѓаните гледаат огласи во кои нема ниту еден вработен Албанец.

Тоа е вистината.

Од ветувањето за 31,5%, стигнавме до конкурси со 0% Албанци.

Наместо да воспостават посилен механизам за заштита, ВЛЕН предложи закон кој не го штити правичното и соодветното застапување.

Напротив.

Тоа е закон изграден врз концептот што со години го промовираат националистичката доктрина и Каракамишева: квалитет наместо етничка застапеност, односно принципот на „квалитет“ наместо етничко претставување, со што се поткопува едно од најзначајните достигнувања на Охридскиот мировен договор.


Со овој предлог-закон не се предвидуваат етнички квоти, правни санкции, ниту пак институциите ќе ја евидентираат етничката припадност на кандидатите.

Не се предвидува никаква гаранција.

Затоа овој предлог-закон не го зајакнува правичното и соодветното застапување, туку го уништува.

Во меѓувреме, за да го прикријат овој неуспех, раководителите на ВЛЕН тврдат дека реализирале 2.500 вработувања и унапредувања.

Прашањето е многу едноставно:

Каде се тие 2.500 вработувања?

Во кои институции?

Во кои конкурси?

Бидејќи официјалната статистика не го потврдува ова тврдење.

Дури и самиот премиер изјавува дека вработувањата се вршат според потребите и компетенциите, со што потврдува дека филозофијата на оваа Влада не е зајакнување на правичното и соодветното застапување, туку негово постепено заменување со друг концепт.

Тоа е разликата меѓу ветувањата и реалноста.

Ветуваа 31,5%. Денес Албанците се соочуваат со конкурси без ниту еден вработен Албанец.

Ветуваа заштита на колективните права. Денес Балансерот повеќе не постои.

Ветуваа зајакнување на застапеноста. Денес предлагаат закон што ја поткопува.

Тоа е нивниот биланс по две години.

Ветуваа поголема застапеност. Донесоа помалку Албанци во институциите. Ветуваа промени. Донесоа враќање назад.

Фото: ДУИ