Нападот во Монако не е терористички чин. Почна истрага за обид за убиство, а за вчерашниот напад има само еден осомничен, соопшти Обвинителството на Монако.
Во вчерашната експлозија пред влез во станбена зграда во Монако повредени се три лица.
Според медиумите еден од тешко повредените е украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, кој престојува во Монако како ВИП-бегалец од почетокот на војната во Украина. Во моментот на експлозијата тој заедно со неговата партнерка и синот тинејџер се враќале во нивниот дом. Во инцидентот потешко е повредена партнерката на Јермолаев, додека неговиот син е полесно повреден.
Експлозивната направа била поставена во ранец и оставена пред влезот во зградата, а била детонирана кога семејството влегло во лобито.







