Парагвај на пенали ја исфрли големата Германија

Германија за првпат загуби на пенали во историјата и Парагвај слави осминафинале.

Натпреварот во Бостон во регуларниот тек заврши 1-1, па по пеналите јужноамериканските фудбалери славеа со 4-3.

Галарза центрираше во 42. минута, Енцисо натрча и со глава го матира Нојер (0-1).

Момците на Нагесман делуваа шокирано, но на почетокот на вториот дел Германија израмни.

По центаршутот на Вирц во 54. минута, глава постави Хаверц и го матира Хил. Следеше серија на замени и опсада на голот на Парагвај, но резултатот не се менуваше.


По корнерот од десната страна на Кимих, Орландо Хил извиси и Џонатан Тал со глава ја погоди мрежата. Сепак, по прегледувањето на снимката беше утврден прекршок од Антон врз Хил и судијата го поништи германското водство.

Следуваше трисетминутно продолжение, во кое Германија јалово напаѓаше, но не креираше зрели шанси. Во 119. минута Антон со глава ја имаше најзрелата можност,  но Хил одбрани.  Одлука во пенал серијата беше последниот чин, па така драмата кулминираше.

Промашувањата на Хаверц и Волтемаде им дадоа две меч-топки на Парагвајците. Сепак, не реализираа ни Санабрија, ни Балбуена. Кобно за „панцерите“ беше промашувањето на Џонатан Тах, па Канале го совлада Нојер за победа од 4-3 на Парагвајците.

Кобно за Германците беше промашувањето на Џонатан Тах, па Канале го совлада Нојер за победа од 4-3 на Парагвајците

Противник на Парагвајците во осминафиналето ќе им биде поуспешниот од дуелот Франција Шведска