Тоа остава шест слободни позиции за конечниот избор на 12 кошаркари кои ќе бидат во комбинација за претстојните дуели.
Меѓу кандидатите за место во финалниот ростер се и Виктор Ефремовски, Тома Стојаноски, Петар Бошалески, Марко Луканоски и Павел Иванов, како и натурализираните кошаркари Ди-Џеј Стјуарт и Нејт Сестина, кои го одработија тренингот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Дел од нив веќе добија минутажа во подготвителниот период, а настапија и на последната контролна средба против Бугарија, во која Македонија стигна до победа.
И во овој претквалификациски циклус повторно се потврдува проблемот со комплетирањето на ростерот, што влијае врз реализацијата на планираните активности и подготовката на тимот за најважните натпревари во борбата за пласман во главната квалификациска фаза за Евробаскет 2029.






