Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека американскa делегациja утре во Доха ќе разговара со ирански претставници.
„Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут Соушл.
Претходно денеска извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање во наредните денови ќе се сретнат во Доха.






