Вадефул во Вашингтон ќе се сретне со Рубио на пат за Јужна Америка

Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска ќе замине во повеќедневна турнеја низ трите јужноамерикански земји од Меркосур – Парагвај, Аргентина и Бразил, јави ДПА.

Но, тој прво планира да се сретне со својот американски колега Марко Рубио за време на посетата на Вашингтон. Обновената ескалација на тензиите меѓу САД и Иран веројатно ќе биде во фокусот на состанокот.

САД и Иран се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот откако се очекуваше потпишувањето на рамковен договор да ги намали тензиите. Украина и самитот на НАТО се исто така на дневен ред на најавената средба, пренесува германската агенција.


Освен Блискиот Исток, разговорите на Вадефул со Рубио ќе опфатат и понатамошна поддршка за Украина и подготовките за самитот на НАТО во Анкара во јули, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи.

По состанокот во Вашингтон, највисокиот германски дипломат планира попладнево да отпатува во главниот град на Парагвај, Асунсион, за да учествува на утрешниот самит на Меркосур.

Европската Унија и јужноамериканските држави од Меркосур: Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај во мај формираа огромна нова зона на слободна трговија. Договорот има за цел да ја зголеми размената на стоки и услуги преку постепено намалување на трговските бариери и царини, потсетува ДПА.