Според информациите од МВР, на 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен во двор од куќа на подрачјето на Карпош е пронајдено починато лице. Лицето е идентификувано како М.Ј. (58) од Скопје.
Според пишувањата на одредени медиуми, станува збор за познат бизнисмен.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По извршен увид на местото на настанот, по насоки од јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.







