Италијанскиот возач Андреа Кими Антонели ја забележа петтата последователна победа во Формула 1, откако победи во најпрестижната трка на улиците на Монте Карло.
Младиот Италијанец беше најбрз во квалификациите, водеше цела трка и на крајот победи.
До крајот второто место го задржа Луис Хамилтон без било какви проблеми. Сензационален пласман на подиумот забележа и Исак Хаџар, a по него во топ десет следуваа Пиастри, Лосон, Линдблад, Гасли, Албон, Окон и Перез.
Мексиканскиот возач го донесе првиот историски бод за дебитантот Кадилак во Формула 1. На крајот трката не ја завршија Саинц, Леклер, Строл, Норис, Берман, Ботас и Верстапен.
Поради тимска грешка катастрофален пласман имаше Џорџ Расел на 13. позиција, па сега падна во поредокот на возачите.
Следната трка се вози наредниот викенд на патеката во Каталонија.







