Македонските фудбалери се вратија во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва се врати во Скопје по проблемите кои што ги имаше денеска во Истанбул.

За потсетување нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул.


Стануваше збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување.