Артета се откажа од тројца играчи и побара четири засилувања!

Фудбалерите на Арсенал беа поразени од ПСЖ во финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Лондонскиот премиерлигаш не успеа во намерата да го освои овој трофеј за прв пат во клупската историја, но популарните „топџии“ успеаа да го освојат трофејот во Премиер лигата по 22 години чекање.

Над 2 милиони луѓе присуствуваа на прославата на титулата шампион на Англија во најголемата парада во историјата на фудбалот.

Сепак, менаџерот, Микел Артета, не сака да застане тука, тој сака Арсенал да биде тој што ќе ја освои титулата во Англија следната сезона, но и да оди до крај во Лигата на шампионите.

Топџиите“ исто така ќе мора да продадат неколку играчи, а Габриел Жезус, Габриел Мартинели и Бен Вајт веројатно треба да го напуштат клубот.


Покрај тоа, дефанзивецот Пјеро Хинкапи е на радарот на Барселона, но прашањето е дали Артета е подготвен да го пушти.

Кога станува збор за пристигнувањата на „Емирати“, ситуацијата е повеќе од комплицирана. Сандро Тонали е најголема желба кога е во прашање средниот ред, а Тино Ливраменто за десната бековска позиција. Двајцата играчи моментално играат за Њукасл и понудата за нив двајца не смее да биде помала од 150 мил. фунти.

Кога станува збор за левата крилна позиција, најголема желба е стандардниот првотимец во дресот на Астон Вила, Морган Роџерс, кој е проценет на 80 мил. фунти.

Што се однесува до позицијата напаѓач, „топџиите“ го сакаат Хулијан Алварез, но се отворени и за доведување на Маркус Рашфорд.