Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во синоќешните напади врз пет украински региони и Киев биле насочени кон транспортната инфраструктура и воените аеродроми.
Во градот Киев, како што тврди Москва, погодени се десет воени производствени погони и три центри за регрутација.
Мета на нападите биле и фабриките во Харковската, Сумската, Днепаропетровската, Хмељничка и Полтавската област и во регионот Запорожје.
Според руското МО, во регионот Харков погодени се три објекти на воената индустрија – Харковскиот државен авијациски комбинат и два објекта на украинскиот енергетски комплекс. Додека во Днепропетровск регион била погодена фабриката за производство на компоненти за дронови и ракети со долг дострел, и логистичкиот центар.
Руските сили синоќа нападнале и инфраструктурата на шест воени аеродроми во регионот Черкаси, Ривно, Житомир, Кировоград, Хмелницки и Киев. Во градот Киев погодени се десет воени производствени погони и три центри за регрутација.
Во соопштението се наведува дека нападите се одмазда за минатомесечниот терористичкиот напад врз студентски дом во Старобилск, Луганск при што загинаа 21 човек, а 42 беа повредени.
Според украинските власти во синоќешните руски напади загинале најмалку 18 луѓе, а повредни се повеќе од сто лица. Но, многумина се заробени под урнатините, поради што се стравува дека можно е зголемување на бројот на жртвите.
Според украинското военовоздухопловство, Русија синоќа врз Украина лансирала 73 проектили, од кои осум хиперсонични проектили „Циркон“, како и 656 дронови. Главни цели на нападите беа Киев, Днепар, Запорожје, Полтава и Харков.
Украинската армија соопшти дека пресретнала и уништила 40 ракети и 602 дронови.







