Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја.
Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани мундијалски трофеи.
Уапсени се двајца мажи чии идентитети не се соопштени.
Торонто очекува повеќе од 300.000 посетители за време на Светското првенство, а градот ќе биде домаќин на шест натпревари. (МИА)






