Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена од Турција во пријателски натпревар одигран во Истанбул.
На дуелот што се играше на арената „Шукру Сараџоглу“, домашната селекција на Турција славеше убедливо со 4-0.
Уште во првиот дел беше јасно, кој е кој, на овој натпревар, односно дека Турците со право важат за апсолутни фаворити, иако натпреварот го почнаа со вториот состав.
Уште во 13.секунда домаќините имаа можност да поведат. Ударот на Узун заврши во гредата од голот на Димитриевски.
Само 60-тина секунди подоцна, Кокчу ја погоди мрежата за водство од 1-0. На истекот на 16-тата минута, веќе беше 2-0, а стрелец беше Чак Узун.
Единствената закана кон противничкиот гол, Македонија ја имаше во финишот на првиот дел (45,нубута). По нафрлувањето на Миовски, Алиовски се обиде, но домашниот голман Бајиндир добро беше поставен.
Како заврши првото, така продолжи и второто полувреме. И покрај бројните замени во двете селекции, Турците ја демонстрираа својата надмоќ. Во 53.минута Ѓул зголеми на 3-0. Турците си поигруваа со нашата селекција, а тоа најдобро го демонстрираа во акцијата во 71.минута кога Јилмаз зголеми на 4-0.
За противникот ова беше последната проверка пред домашните симпатизери пред заминувањето за САД на Мундијалот. Македонската селекција пак денешниот, како и претходниот дуел со БиХ, го искористи за подготовки за новиот циклус во Лигата на нациите.








