Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (02.06.2026) со почеток во 10:30 часот ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош (До салата Наум Наумовски Борче – Партизан позади Сити мол Карпош).

Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри.


Потоа премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.