Киген боледува од рак во најнапредна фаза

Легендарниот англиски фудбалер Кевин Киген обелодени денеска дека боледува рак во четвртиот стадиум.

Четвртата фаза е најнапредната фаза на рак и значи дека болеста се проширила на други делови од телото.

Семејството на Киген првично во јануари објави дека легендарниот фудбалер се бори со рак и оттогаш е на хемотерапија.

„Имав сообраќајна несреќа и затоа морав да се оперирам. Додека ме скенираа за операцијата, открија дека имам рак. Рекоа дека имаат апсолутно врвен лекар за борба против она што го имате, а тоа е рак во четврта фаза. Па отидов да го сретнам. Тој е навивач на Ливерпул, па знаев дека нема да одам сам. Сè уште сум тука во овој момент“, наведе Киген.


За време на својата кариера како фудбалер, Киген играше за Сканторп, Саутемптон, Њукасл, Блектаун и Ливерпул, со кој ја освои титулата во Купот на европските шампиони во 1977 година.

Одигра вкупно 323 натпревари за Ливерпул и постигна 100 голови.

Беше капитен на репрезентацијата на Англија од 1976 до 1982 година и забележа вкупно 63 настапи и 21 гол за својата земја.

По за вршување на кариерата беше тренер на Њукасл два мандата, а ги водеше и екипите на Фулам и Манчестер Сити. Беше и селектор на репрезентацијата на Англија, која ја предводеше на Европското првенство во 2000 година. (МИА)