Трамп соопшти дека постигнал максимален резултат на тестот за когнитивни способности

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека резултатите од неговиот систематски преглед се „исклучително добри“, наведувајќи дека постигнал максимален резултат од 30 од 30 поени на тестот за когнитивни способности, кој го опиша како индикатор за „екстремна интелигенција“.

„Резултатите од мојот преглед, спроведен во Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“, кои се штотуку објавени, се исклучително добри. За разлика од другите американски претседатели, од кои ниту еден никогаш не поминал одобрен, тежок когнитивен тест, јас постигнав совршен резултат од 30 од 30, што се смета за „екстремна интелигенција“. Дали демократите се навистина изненадени?“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.


Според него, ова е четвртиот тест што го поминал, додавајќи дека секој претседател и потпретседател треба да полага тешки когнитивни тестови.